Темата за разводот никогаш не е лесна, но важно е веста да се соопшти, особено на децата, на внимателен начин.
Лопез го наведе 26 април 2024 година како датум на развод, но и таа и Афлек ги криеја деталите за нивната врска од јавноста во последните месеци. Џенифер поднесе барање за развод во Вишиот суд на округот Лос Анџелес, наведувајќи „непомирливи разлики“.
„Сакав да го подобрам мојот однос со Бога“
И двајцата во меѓувреме дадоа неколку интервјуа, а разводот, секако, беше главна тема. Во неодамнешен разговор, Џеј Ло раскажа како им ја соопштила веста за разводот на Ема и Макс, кои ги добила во претходна врска со Марк Ентони.
Таа за „Ел Паис“ изјави: „Имав навистина тешка година. Се случија неочекувани работи. Читав многу книги и работев многу на тоа да се запознаам себеси. Медитирав, се молев многу. Сакав да го подобрам мојот однос со Бога и цврсто да ја поврзам семејната единица што ја сочинуваат мене и моите деца, моите близнаци.“
„Пробав секакви терапии“
Лопез продолжи: „Им реков: „Ви ветувам, ова е тежок период, но ќе видите дека кога ќе заврши, ќе излезам посилна и подобра.“ Откако се разведе, вели таа, се фокусирала на сопствената благосостојба и благосостојбата на нејзиното семејство.
„Прочитав многу книги за детството, бракот, врските, различните стилови на љубов, мозокот, науката... Низ годините, поминав низ индивидуална терапија, брачна терапија, семејна терапија. Пробав сè, секогаш барам нешто. Мислам дека клучот е да се запознаеш себеси. Треба да бидеш подготвен и навистина да сакаш нешто - и дури и кога сакаш, тешко е да промениш некои работи. Но, можеш.“
„Секој поминува низ тешки времиња“
И додека разводот може да биде тежок период за многумина, Лопез гледа на работите од светлата страна: „Секој во животот поминува низ тешки периоди. Она што прави разлика е како се однесувате во тие моменти. Не врската, не мажот: вие сте дефинирани од она што го правите со искуствата што ви се случуваат. Јас ги земам тие искуства, без разлика дали се добри или лоши, и ги вплетувам во себе.“
Афлек претходно призна дека се срами отворено да зборува за проблемите што ги имале тој и Лопез, објаснувајќи дека тоа го прави да се чувствува ранлив.