Познатиот комичар случајно го прозва Енис Бешлагиќ во публиката, видеото сега е вирално

16.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познатиот комичар случајно го прозва Енис Бешлагиќ во публиката, видеото сега е вирално

Во клипот, насловен како Филмски актер на шоуто на Макс Амини, може да се види босанско-херцеговскиот актер Енис Бешлагиќ како седи во првиот ред.

Во еден момент, комичарот се сврте кон актерот, забележувајќи колку „сомнително“ изгледа, и го праша: „Дали си Италијанец?“.

Откако Бешлагиќ гордо одговори дека е Босанец, Амини му возврати на шегата со шега што ја насмеа целата сала, додавајќи дека немал поим дека Босанците изгледаат толку добро.

Кога дозна дека Енис е актер, го праша во какви филмови глуми. „Во балкански филмови“, се пошегува Енис. „Добро, сега ќе продолжам“, се пошегува Макс.

Бешлагиќ: Се препознавме на прва

Бешлагиќ не го криеше своето воодушевување од оваа средба и ги сподели своите впечатоци на социјалните мрежи.

„Макс Амини и јас се препознавме на прва. Тој со својата енергија, јас со мојата, и веднаш се зближивме. Неговиот посебен шарм и духовитост веднаш го издвојуваа од многу други актери. Едноставен, сладок и пристапен. Научив многу за нашата работа само гледајќи ја неговата работа. Многу работа и жртва се кријат зад овие насмевки“, напиша Бешлагиќ.

Ситуацијата се случила пред две години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата