Почеток на судењето против раперот Диди, повикани двајца сведоци

13.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почеток на судењето против раперот Диди, повикани двајца сведоци

 Американската некогашна хип-хоп ѕвезда се соочува со обвинение по пет точки, што може да му донесе од 15 години до доживотен затвор, доколку биде осуден по сите обвиненија.

Федералните обвинители процесот го започнаа со обид да докажат дека Шон „Диди“ Комбс го трансформирал својот хип-хоп бизнис во рекетарска организација која ги принудувала жените да ги исполнуваат неговите сексуални барања во период од две децении.

Помошничката на американскиот државен обвинител, Емили Џонсон притоа опиша еден случај за време на една секс-забава, во којашто Комбс наводно „му наредил на ескорт-работник да уринира“ во устата на тужителката Касандра - Кеси Вентура. Тужителката, од своја страна, во претставката вели дека „чувствувала како се гуши“. Вентура, со повремени прекина, била во врска со раперот повеќе од една деценија..

Сведочењето на судењето на Комбс во Њујорк почна вчера, по завршувањето на изборот на поротата и воведните изјави од адвокатите. 

Поподробно, познатиот музички магнат е обвинет за секс-трговија, рекетирање и организирана проституција според обвинението од септември минатата година. Тој се изјасни за невин по сите обвиненија. Тужбите се насочени на настаните што обвинителите ги нарекуваат „фрик-оф“ (секс) забави - за коишто се вели дека биле „внимателно организирани и инсценирани сексуални претстави“ во коишто жените, според наводите - биле принудувани да учествуваат заедно со машки учесници.

Обвинителите, исто така, ја посочија снимката од надзорни камери од хотел во Лос Анџелес, на којашто се гледа како Комбс физички ја напаѓа тужителката Вентура во 2016 година. Откако неколку американски телевизии лани ја објавија видеоснимката од нападот, Диди се извини и рече дека е „згрозен“ од своите постапки. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата