Откако јавно го критикуваше Трамп, славен ТВ водител доби италијанско државјанство (ВИДЕО)

13.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Откако јавно го критикуваше Трамп, славен ТВ водител доби италијанско државјанство (ВИДЕО)

Веста доаѓа откако Кимел јавно го критикуваше Доналд Трамп по неговата победа на претседателските избори во САД.

57-годишниот водител има италијански корени од страната на мајка му, па затоа се потруди да добие италијанско државјанство бидејќи е многу незадоволен од ситуацијата во САД под претседателството на Доналд Трамп.

Зборувајќи во подкастот на Сара Силверман, тој рече: „Добив италијанско државјанство, го имам.“

„Што се случува... Колку и да мислите дека е лошо, многу е полошо. Едноставно е неверојатно. Чувствувам дека е веројатно уште полошо отколку што Трамп би сакал да биде“, рече тој за состојбата во Америка.

Водителот Џими Кимел верува дека луѓето треба да ги поддржат оние кои го промениле своето мислење за Трамп откако претходно го поддржаа да биде реизбран.

„Има многу такви луѓе. Гледате како Џо Роган вели: „Зошто го прави ова? Не треба да депортира луѓе“, а луѓето му пишуваат: „Е*и се, го поддржа“.

Трамп неодамна напиша за Кимел и Фалон

Доналд Трамп неодамна напиша на платформата Truth Social дека Џими Кимел и Џими Фалон ќе бидат следните чии емисии ќе бидат откажани, откако беше објавено дека „Late Show with Stephen Colbert“ повеќе нема да се емитува по мај 2026 година.

„Многу се зборува дека Џими Кимел е следен во безталентната „Late Night Sweepstakes“ и, набргу потоа, Фалон ќе го нема. Ова се луѓе без талент, на кои им беа платени милиони долари за да го уништат она што некогаш беше одлична телевизија.“ „Навистина е добро да ги видам како си одат и се надевам дека одиграв голема улога во тоа“, напиша Трамп.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jimmy Kimmel (@jimmykimmel)

Договорот за „Џими Кимел во живо!“ истекува во 2026 година и сè уште не е познато дали ќе биде обновен.

Кимел го критикуваше Трамп

Во ноември минатата година, откако Трамп стана претседател на Соединетите Американски Држави, Кимел рече дека Американците „избрале криминалец“ за претседател. „Повеќе од половина од земјата гласаше за криминалец кој планира да се помилува себеси за своите злосторства“, рече тој во својата емисија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jimmy Kimmel (@jimmykimmel)

Додаде дека тоа била „страшна ноќ“ за жените, децата, стотиците илјади вредни имигранти кои ги тераат САД да работат, како и за здравството, климата, науката, новинарството, правдата и слободата на говорот. Тој истакна дека сиромашните, средната класа, старите лица кои зависат од здравственото осигурување, сојузниците во Украина, НАТО, вистината, демократијата и пристојноста се особено погодени. „Ужасна ноќ за сите што гласаа против него, верувале или не, а за оние што гласаа за него, тие едноставно сè уште не го знаат тоа“, рече тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата