Ограбена куќата на Бред Пит во Лос Анџелес

27.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ограбена куќата на Бред Пит во Лос Анџелес

Тие провалиле низ предниот прозорец во куќата во населбата Лос Фелиз во неделата и „ја ограбиле“, соопшти полицијата на Лос Анџелес.

Полицијата не потврди дека куќата му припаѓа на актерот и добитник на Оскар, но адресата се совпаѓа со куќата што Пит ја купи во 2023 година.

Можеби ќе ве интересира: Бред Пит проговори за геј искуство: Нема да се фалам, но треба добро да се подготвиш (ВИДЕО)

Надлежните изјавија дека осомничените побегнале со украдени предмети, иако не е прецизирано што точно било однесено.

Актерот не бил во домот во моментот на грабежот, пренесуваат американските медиуми.

Пит претходно оваа недела беше во Велика Британија, на лондонската премиера на неговиот нов филм „Ф1“, кој беше премиерно прикажан во кината во петокот.

Со него биле актерот Том Круз и седумкратен светски шампион во Формила 1 Луис Хамилтон. Надлежните соопштија дека грабежот се случил околу 22:30 часот по локално време во средата.

Полицијата не открива колкава е вредноста на украдените предмети. BBC стапил во контакт со претставниците на актерот.

Можеби ќе ве интересира: Бред Пит за животните лекции: Без оглед на грешката, учиш и одиш понатаму 

Куќата со три спални соби се наоѓа веднаш до Грифит Парк, каде што е познатиот холивудски знак.

Околу куќата има висока ограда и многу зеленило што ја крие од погледите на минувачите.

Претходно беа ограбени куќи и на други познати личности од Лос Анџелес, меѓу кои и Никол Кидман и Кит Урбан.

Минатиот месец, еден маж беше уапсен под обвиненија за следење и вандализам, откако наводно со автомобил удрил во портата на куќата на Џенифер Анистон, поранешната сопруга на Бред Пит.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата