Повеќедневната прослава на Џеф Безос и Лорен Санчез започна во Венеција, светската елита полека пристигнува во славниот италијански град.
Папараците ги фатија гостите пред хотелот како се упатуваат кон гала забавата со која се отвори прославата. Двојката синоќа подготви гламурозна забава за добредојде за своите познати гости , а сè се одвиваше во затворен манастир до црквата Мадона дел'Орто.
Тридневната венецијанска екстраваганција започна со пица забава во едно од најпознатите историски обележја на градот, црквата Мадона дел Орто, сместена во срцето на калдрмисаните улици.
Лорен Санчез избра златен фустан со отворени рамена, со корсет во струкот и богат барокен вез, потпишан од куќата на Скијапарели.
Меѓу познатите личности кои пристигнаа со брод беа Ким и Клое Кардашијан, Кендал и Кајли Џенер, Том Брејди, Орландо Блум, Крис Џенер и нејзиниот партнер Кори Гембл.
На забавата беа и Леонардо Дикаприо со девојката Виторија Черети, како и Опра Винфри и Гејл Кинг.