Николина Пишек ја реновира луксузната вила, за која има судски спор со нејзиниот свекор

8.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николина Пишек ја реновира луксузната вила, за која има судски спор со нејзиниот свекор

Хрватската водителка Николина Пишек покажа како се ужива во убавото време, покрај базен и прекрасен поглед. Станува збор за вила која ја купиле таа и нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ, една година пред неговата смрт.

Вилата ја купиле куќа во зоната Подсљемен во Загреб, откако таа и нејзината ќерка Уна Софија избегнале трагедијата со труење со гас во станот во Загреб.

Водителката покажа дел од вилата која се реновира,односно базенот, а покрај фотографијата напишала „Моето мало парче мир“.

Таа откри и дека оваа есен планира да се всели во нов дом.

Четири месеци по смртта на Видоје, луксузна вила во загрепско Шестине се појави во оглас и беше продадена за 1,7 милиони евра. Станува збор за куќа од 420 метри квадратни со градина од 1460 метри квадратни, а изградена е во 2012 година.

Како што откри агенцијата во огласот, работата на вилата требало да биде завршена во јануари годинава, а имотот има три спални соби, кујна која води до базенот и голема дневна соба.

Инаку, Николина во април 2022 година, пред смртта на сопругот Видоје, покажа дека работата во куќата е во полн ек. Таа објави видео на кое можеше да се види прекрасниот поглед од огромната тераса која допира до цел Загреб, а се гледаа и работниците кои го поставуваа подното греење.

Така вилата остана во сопственост на Николина, а водителката пред два месеци за Јутарњи изјави дека се е во рацете на судството и дека нема замерки за Матеи, ќерката на Видоје од првиот брак со поранешната сопруга Лана.

„Нивните амбиции се малку преголеми. Сега навистина можам да кажам дека веќе немам семејство од таа страна. Се е во рацете на правдата и судството. Имам многу конкретни докази за се, па овие луѓе прават непотребни трошоци за себе. Сè на сè, од нивна страна е страшно и тенденциозно да ме дискредитираат и онеспособат, иако е многу јасно што според законот кому му припаѓа. Но, тие се обидуваат да ми го одземат имотот, а ако не, тогаш барем максимално да го успорат целиот процес за да ја изгубам економската сила и да се исцрпам со судски процеси што е можно повеќе. А моментално имам минимум осум активни процеси, ако не и повеќе“, објаснила Николина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата