На Шакира ѝ се заканува ново судење во Шпанија, ја тужат за затајување данок

26.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Шакира ѝ се заканува ново судење во Шпанија, ја тужат за затајување данок

Државното обвинителство поднесе кривична пријава против Колумбијката пред суд во близина на Барселона, изјави денеска портпаролот. Сега судот ќе одлучи дали ќе ѝсе суди на пејачката.

Прелиминарната истрага започнала во јули откако даночната управа пријавила два можни прекршоци поврзани со даноците на доход и имот во 2018 година.

На Шакира оваа година треба да ѝ се суди во Барселона по одделни обвиненија за затајување данок во вкупна вредност од околу 14,5 милиони евра помеѓу 2012 и 2014 година. Државниот обвинител бара затворска казна од осум години и два месеци и парична казна во износ од 23,8 милиони евра.

Шакира постојано изјавува дека е невина во првиот случај и тврди дека била обврзана да плаќа данок на Бахамите во 2012, 2013 и 2014 година, а не во Шпанија. Но, таа вели дека во меѓувреме ги платила сите даноци плус казнена камата.

Во јули минатата година, Шакира одбила вонсудска спогодба во Шпанија, каде што повремено живееше со поранешниот шпански фудбалер и поранешен сопруг Жерар Пике. По разделбата, Шакира со синовите се пресели во Мајами.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата