Меган и Хари шокирани и тажни што никој не им верува дека за малку ќе загинале

27.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меган и Хари шокирани и тажни што никој не им верува дека за малку ќе загинале

Според нив бркотницата од минатата недела со папараците во Њујорк траела скоро два часа и „речиси завршила фатално“

Двојката преку својот портпарол ја информираше јавноста дека папараците два часа ги бркале низ улиците на Њујорк и дека за малку сè ќе завршело катастрофално.

Полицијата тогаш се огласи и возењето го нарече „предизвикувачки“, но изјавија дека нема инциденти, додека градоначалникот на Њујорк рече дека сè ќе се испита и дека му е многу тешко да поверува дека некој се тркал низ пренатрупани улици, во градот цели два часа.

Хари и Меган се шокирани од одговорите и реакциите на нивното „страшно искуство со бркање со автомобил“, ексклузивно открива извор во новото издание на Us Weekly.

– Тие инсистираат дека нивната приказна за бркотницата со автомобил апсолутно не била претерување, а луѓето да го кажат спротивното е толку болно и несоодветно – се додава.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата