Бреговиќ беше ставен на таканаречената црна листа во Летонија на барање на Националната служба за безбедност.
Според летонскиот портал LSM+, ваква одлука донел министерот за внатрешни работи на Летонија, Рихардс Козловскис.
„Основната порака е за поддршка на агресијата против Украина, учество во јавни настани на окупираните територии. Ние како Летонија ја поддржуваме Украина и ќе продолжиме да ја поддржуваме, така што во овој случај тоа е целосно неприфатливо за нас“, рече министерот за причините за ваквата одлука.
Според натамошните наводи, Горан Бреговиќ има настапувано на Крим неколку пати од 2014 година, а латвиските безбедносни служби и Министерството за внатрешни работи побарале од организаторите на настанот таму внимателно да ги проценат уметниците, пишува Serbian Times.
„Појавата на луѓе кои ја поддржуваат руската агресија во Летонија не е во интерес на безбедноста на нашата земја, бидејќи може да придонесе за меѓуетнички тензии во латвиското општество“, напиша Националната служба за безбедност во писмениот коментар.
Како што е соопштено, минатата година латвиската црна листа беше проширена на 480 странци, во согласност со препораките на безбедносните служби.