Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила во Кан (ФОТО)

14.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хали Бери: Морав да го сменам фустанот поради строгите правила во Кан (ФОТО)

Носењето „волуменски фустани или фустани со шлепови“ е забрането, како и пристигнувањето во „голи фустани“ со цел „да се обезбеди поголема пристојност“.

Кинеската актерка Ван ЧианХуи ги прекрши правилата со своето појавување на црвениот тепих, но актерката Хали Бери не остави ништо на случајот и откри дека поради новите правила, во последен момент се одлучила за поинаков фустан.

„Имав одличен фустан од Гупта за вечерва, но не можам да го носам бидејќи шлепот е преголем. Морав да го сменам. Но, делот со голотијата е веројатно добро правило“, изјави таа на прес-конференција.

58-годишната Бери е членка на жирито на фестивалот оваа година, а за разлика од неодамнешното предизвикувачко издание со кое привлече внимание, таа се појави во Кан во долг фустан со црно-бели пруги и розов набор на грбот, со што ги избегна строгите казни што ги најавија организаторите.

„Целта е да се забрани целосна голотија на црвениот тепих“

„Оваа година, Канскиот филмски фестивал во својата повелба зацрта одредени правила кои одамна се во сила. Целта не е нужно да се регулира облеката, туку да се забрани целосна голотија на црвениот тепих, во согласност со институционалната рамка на настанот и францускиот закон“, велат организаторите.

„Фестивалот го задржува правото да им забрани пристап на лица чија облека би можела да им пречи на другите гости или да го комплицира распоредот на седење во салите за прикажување“, додадоа тие.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата