Блејк Лајвли, наводно, се заканувала дека ќе објави срамни и компромитирачки делови од приватна преписка со Тејлор Свифт, освен ако поп-ѕвездата не се согласи јавно да ја поддржи својата пријателка во спорот со колегата-глумец Џастин Балдони, пишува „Дејли мејл“ (Daily Mail).
Најновото откритие произлегува во правниот документ поднесен вчера од адвокатите на Балдони, како одговор на барањето на Лајвли да ја укине нивната покана до пејачката. Поднесокот тврди дека глумицата „се обидела да изврши притисок врз Свифт да даде јавна изјава за поддршка“ и ја повикала да ги избрише СМС-пораките од меѓусебната расправија и ескалација покрај правната битка со Балдони.
Овој пресврт фрла ново светло на „пропаста“ на некогашното блиско пријателство на Лајвли и Свифт - среде „бурата“ околу тужбите со актерот со кого глумат во филмот „Ова завршува со нас“ којшто беше издаден лани.
Свифт, наводно, е „бесна“ поради тоа што е вовлечена во случајот којшто првично ги засегна Лајвли и Балдони.
Во новото писмо до Судот, правниците на Балдони, предводени од Брајан Фридман, возврати на „погрешните тврдења“ на Лајвли дека предложената покана до Свифт „бара нерелевантни документи“.
Се тврди дека адвокатот на Лајвли, Мајкл Готлиб контактирал со адвокатот на Свифт и побарал таа „да објави изјава за поддршка за г-ѓа Лајвли“, наведувајќи дека, доколку одбие да го стори тоа, „ќе бидат објавени приватни текстуални пораки од лична природа во сопственост на г-ѓа Лајвли“.
Како одговор, претставниците на Свифт наводно се осврнале на „несоодветните и очигледно изнудувачки закани на Лајвли во барем една писмена комуникација“ испратена до Готлиб.