Кети Пери и Орландо Блум раскинаа

26.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кети Пери и Орландо Блум раскинаа

Еден од најпознатите парови во светот на шоубизнисот - Кети Пери и Орландо Блум - одлучија да тргнат по различни патишта по речиси една деценија заеднички живот, потврди извор близок до двојката за списанието „Us Weekly“, пренесува Курир.

„Кети и Орландо раскинаа, но остануваат во добри односи“, рече изворот, додавајќи дека во моментов нема конфликт меѓу нив и дека пејачката, и покрај  тоа што е тажна, сепак и е полесно што нема да мора да помине низ уште еден развод.

Инаку, Кети Пери зад себе има еден развод. Во 2012 година се разведе од музичарот Расел Бренд , што го опиша како еден од најтешките периоди во нејзиниот живот.

Проблемите во врската меѓу Кети и Орландо траат веќе некое време, информираат нивни блиски.

„Имаше тензија меѓу нив со месеци, раскинувањето беше само прашање на време“, тврди инсајдер.

Пејачката и актерот се запознаа во 2016 година на забавата по повод доделувањето на Златните глобуси. Три години подоцна, на Денот на вљубените, Блум ѝ предложи брак на Пери, а во август 2020 година ја добија нивната ќерка, Дејзи Дав.

-Инаку во текот на викендот, Блум и Дејзи ѝ се придружија на Пери на турнејата во Австралија, каде што пејачката настапи во Перт. Сепак, се подразбира дека тие живеат одвоено веќе некое време.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата