Младата пејачка Анџелина Манго со песната „La noia“ е победник на 74-тото издание на фестивалот Санремо.
Иако секој учесник писмено се изјаснил за своето евентуално учество на Евровизија во неделите пред фестивалот, тоа официјално ќе биде откриено и објавено на прес-конференција. Анџелина ќе биде прашана дали ќе ја претставува Италија на Евровизија во Малме.
Овогодинешниот конкурс собра 30 уметници кои во текот на пет вечери во познатиот театар „Аристон“ се обидоа да ја придобијат наклонетоста на публиката, радиото и новинарското жири.
Анџелина е првата победничка на Санремо по 10 долги години, бидејќи во тој период победувале само машките изведувачи.