Еден од неговите потези особено ја разбесни јавноста. Имено, таа се пофали на социјалните мрежи дека сака да плива во бикини, па нејзиниот сакан сопруг веднаш ѝ купи остров вреден 50 милиони долари за да се чувствува безбедно и слободно на плажата додека носи бикини.
На социјалните мрежи, инфлуенсерката објави видео на кое се гледа како лета со својот сопруг со приватен авион и слетува на рајски остров.
„Сакаш да носиш бикини, па твојот сопруг милионер ти купи остров“, напиша таа во видеото.
Во описот на објавата, таа додаде следново: „Ова беше неговата најдобра инвестиција досега“. Патем, Суди е позната инфлуенсерка од Дубаи, која ја следат 459 илјади луѓе на Инстаграм и 1,3 милиони на ТикТок. Нејзините видеа имаат повеќе од 400 милиони прегледи, а во интервју за „Хиндустан тајмс“ таа откри дека себеси се смета за „домаќинка со полно работно време“. Таа наводно го запознала својот сопруг Џамал додека двајцата сè уште студирале во Дубаи. Тие се во брак повеќе од три години и неодамна добија дете - син, Теџаб Џамал.

