Њујорк пост повикувајќи се на податоци од едно истражување од 2026 г. од Институтот за бихевиорални и социјални науки од Виена, објавува дека и мажите се „ловци на богатство“.
Истражувачите, предводени од психологот Ленарт Фрејт откриле дека мажите со левичарски политички убедувања имале највисоки стапки за „лов“ на побогати партнерки, дефинирајќи го ова како „социјална тактика делумно поврзана со психопатијата“.
Поврзаност со психопатијата и нарцизмот
Според студијата, барањето богати партнери и кај мажите и кај жените е поврзано со психопатија и нарцизам. „И кај мажите и кај жените, склоноста да влезат во однос од финансиски интерес се поврзува со нарцизам, психопатија, очекувања дека партнерот финансиски ќе вложува во скапи средби, но и со високата увереност за сопствената пожелност на романтичниот пазар“, објаснуваат истражувачите, додавајќи дека „садизмот“ е карактеристичен исклучиво за жени со ваков животен стил.
Во студијата учествувале 351 жена и маж, сите во нивните 30-ти години и со различни сексуални ориентации, со цел да се утврди дали попрво ќе ја изберат финансиската состојба во однос на партнерот.
Со метод на самопроценка биле испитани личноста на секој учесник (нарцизам, безобѕирност, психопатија, садизам), како и социјалните (сексуална и политичка ориентација) и демографските показатели (големина на градот од кој доаѓаат, ниво на образование, нивната проценка колку вредат на романтичниот пазар). Прашалникот од 15 прашања вклучувал прашања како што се: „[Дали претпочитате] богат, но неверен партнер“ наспроти „верен, но финансиски несигурен партнер?
Левичарите најмногу склони кон материјализам
Аналитичарите заклучиле дека мажите со левичарско политичко убедување кои се хомосексуалци и бисексуалци повеќе се склони да влезат во врска од финансиски интерес во однос на сите други групи.
Политички лево ориентираните хомосексуалки имале повисоки резултати од хетеросексуалните жени, додека жените со десничарско политичко убедување кои биле хомосексуалки или бисексуалки покажувале пониска склоност кон ова однесување.
„Општо земено, хомосексуалците и бисексуалците, како и политички лево ориентираните испитаници имале поголема склоност кон финансиски интерес од хетеросексуалците политички центристи и десно ориентираните испитаници“, навеле експертите.
Додавајќи дека изразената склоност за влегување во врски од материјална корист е поврзана со нарцисоидни и психопатски особини, повисоко сопствено мислење за пожелноста на романтичниот пазар и живот во погусто население области. Според нивните изјави, луѓето кои покажуваат вакви модели на однесување почесто преферираат големи градови, а меѓу нив имало и повеќе студенти.
Покрај тоа, студијата открива дека машките и женските „спонзоруши“ имаат тенденција да бидат нарцисоидни и го користат својот шарм и изглед за да ги уловат богатите партнери.
Совет од научниците
Фрајт и неговиот тим ги предупредија богатите жени да не се заљубуваат во мажи кои се преправаат дека се сочувствителни, грижлици и прогресивни, а всушност се фокусирани исклучиво на парите.
„Личноста која на прв поглед изгледа пристапно и пријатно, често се смета за помала закана од некој што отворено ги доведува во прашање постоечките општествени норми.“ Конечно, Фрајт предупредува: „Важно е да се запомни дека дури и маж кој изгледа внимателен и сочувствителен може да има интереси што ја надминуваат вашата личност.“

