Фото: Отворот на незгодно место откри премногу

18.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Отворот на незгодно место откри премногу

Џенифер Лоренс, американската актерка која остава апсолутно без зборови со секое од своите внимателно одбрани модни изданија за црвениот тепих, ниту овој пат не погреши и отиде дури и чекор понатаму.

Мегапопуларната актерка според многумина сега блесна во едно од своите најубави изданија во кариерата.

На 16-тото по ред доделување на наградите „Гувернерс“ во Холивуд, таа буквално блесна во снежнобел фустан кој максимално ја истакнуваше нејзината става и природна убавина, со кој покажа дека може да биде многу заводлива.

Фустанот е плисиран по целата должина и во исто време создава впечаток на елеганција и лежерност, има спуштени прерамки кои лежерно паѓаат преку рацете, но и многу сексапилен детаљ на „незгодно“ место што ѝ дава на креацијата, провокативен момент за барем моментално да одговори на актуелниот тренд на разголени фустани што долго време владее на сцената.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата