Атрактивната пејачка отпатува за Тајланд каде одмара во едно од луксузните одморалишта.На радост на фановите Нина секојдневно ги информира фановите за своите активности.
Нина сега на Инстаграм објави видео на кое ја гледаме како се капе во приватниот базен на вилата во која престојуваше.
Хрватската пејачка беше облечена во едноделен црн костим за капење, а насмевката не ја симна од лицето, па може да се заклучи дека навистина ужива на одморот.
Инаку, 52 годишната Нина Бадриќ минатата година прослави 30 години од кариерата, а сега за хрватските медиуми се потсети на своите почетоци.