Српскиот пејач Џани повреден на скијање во Италија

25.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српскиот пејач Џани повреден на скијање во Италија

Како што дознава српски Телеграф, Џани ја скршил клучната коска. Според изворот на Телеграф, тој моментално се транспортира во Србија, но операцијата ќе биде извршена во Словенија.

Според Телеграф, пејачот сега открил дека раката му е скршена на дури пет места, за што ќе биде потребна операција.

-Полека се враќам дома, паднав, се скршив. Раката ми се скрши на пет места. Кога ќе се намали отокот, ќе одам на операција - кратко изјавил Џани за Блиц.

Иако лекарите во Италија му ја пружиле неопходната помош, тој решил да се обрати на специјалисти во Словенија за понатамошно лекување, каде што ќе ја изврши операцијата.

Поради тешката повреда и опоравувањето кое сигурно ќе трае долгомегапопуларниот пејач ќе мора да ги откаже сите закажани настапи во наредниот период.

Несреќата се случила на патеката, а на лице место веднаш му била укажана прва помош.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата