Кајли Миног, поп иконата што ја нарекуваат „џебна Венера“ повторно покажа зошто го заслужува овој прекар. Таа на својот Инстаграм профил објави секси фотографија која предизвика вистинска бура од ентузијазам.
Пејачката која има 56 години ја покажа својата неверојатна фигура во истрошен мини фустан, а нејзините следбеници пишуваат дека има прекрасна фигура и смел стајлинг.
Најавата доаѓа само неколку недели пред почетокот на нејзината светска турнеја „Tension“, која започнува во Австралија на 15 февруари.