Славниот фудбалер Дејвид Бекам вчера наполни 51 година и официјално влезе во својата шеста деценија од живото, иако многумина би рекле дека е барем неколку години помлад.
Како и обично, Викторија уште еднаш покажа дека на воодушевување на женските фанови на нејзиниот сопруг повторно ја продолжи традицијата на објавување на фотки од Дејвид од приватната архива.
Во чест на Дејвид, Викторија објави серија фотографии со емотивна порака, а првата во серијата беше онаа на која поранешниот фудбалер позира во купачи.
„Ти си нашиот свет, нашето сè. Те сакаме толку многу! Среќен роденден на најдобриот сопруг, татко, син, брат, пријател. Ти си најљубезната и најдарежлива личност. Денес ќе те разгалиме. Никој не го заслужува тоа повеќе од тебе“, напиша Викторија.
Викторија Бекам сподели фотки на социјалните мрежи на кои покажува како нејзиниот сопруг Дејвид Бекам го поминува роденденот во опуштена, атмосфера на фарма.
Дејвид и Викторија Бекам успеаја да изградат имиџ на хармонично семејство сите овие години, иако по нив следеа бројни интриги, најчесто поврзани со неговото неверство. Сепак, тие сè оставија во минатото и, ако им веруваме на овие зборови што Викторија постојано му ги посветува, тие се обожаваат еден со друг.

