Видео: Шакира со спектакл за паметење, концерт на Копакабана пред 2 милиони луѓе

3.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Шакира со спектакл за паметење, концерт на Копакабана пред 2 милиони луѓе

Една од најголемите поп-ѕвезди на светот, Шакира, одржа огромен бесплатен концерт на легендарната плажа Копакабана во Рио де Жанеиро, привлекувајќи публика каква што ретко се гледа на музички настани. Според градоначалникот на Рио, на концертот присуствувале околу два милиони луѓе.

Феноменалниот концерт се одржа синоќа, концертот на Шакира на легендарната плажа во Рио инаку е дел од нејзината светска турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“.

Шакира го започнала концертот околу 23 часот, со емотивна порака до публиката, потсетувајќи се на своите први соништа да пее во Бразил.

-„Дојдов тука кога имав 18 години, сонувајќи да пеам за вас“, и рекла Шакира на публиката кратко откако се качила на сцената, А сега погледнете го ова. Животот е магичен“.

Пред милионската публика таа ги изведе некои од своите најголеми хитови, меѓу кои „Hips Don’t Lie“, „La Tortura“ и познатата BZRP Music Sessions песна, која стана глобален хит. Настанот бил збогатен и со визуелен спектакл, голема сцена и дрон-шоу над Копакабана.

Со овој концерт, Шакира се приклучи на листата светски ѕвезди кои одржале огромни бесплатни концерти на Копакабана, по Мадона во 2024 година и Лејди Гага во 2025 година. Рио де Жанеиро веќе неколку години ја користи оваа локација како сцена за спектакли кои привлекуваат милионска публика и носат голем туристички ефект.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by TV Globo (@tvglobo)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата