Џини од „Хари Потер“ стана мајка, се породила дома (ФОТО)

28.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џини од „Хари Потер“ стана мајка, се породила дома (ФОТО)

Таа и сопругот Ендру Лококо, менаџер од Сан Диего, се пофалија дека син им се придружил на нивното семејство.

Момчето се родило на 19 септември, а гордата мајка објави фотографија од бебето. „Поздравете го Елија Оушн Рајт Лококо, роден дома во вторник на 19 септември. Ние сме здрави и среќни. Ендру и јас сме толку вљубени во нашето сонце“, напишала актерката.

Бони не сакала да се породи во болница, туку дома. Придружувана била од бабица и лекар. „Многу сме благодарни на нашиот тим кој нè држеше за раце цело време и го направи нашето патување толку радосно“, додаде Бони.

На крајот открила дека нејзиниот сопруг бил присутен на породувањето. “Конечно, тука е мојот Ендру, најголемата поддршка за време на породувањето. Го стиснав толку цврсто, но тој не мрдна. Елио го има најнежниот и најљубезен татко”, напишала таа. Бони и Ендру се во брак од минатата година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата