Џенифер Анистон имала мајка од пеколот: Ми зборуваше дека сум грда и дебела, зашто личам на татко ми (ФОТО)

10.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џенифер Анистон имала мајка од пеколот: Ми зборуваше дека сум грда и дебела, зашто личам на татко ми (ФОТО)

Иако денес е симбол на успех и харизма, нејзиниот приватен живот беше обележан со еден од најтешките семејни односи во светот на познатите личности, односот со нејзината мајка Ненси Дау.

Нејзините родители, Ненси Дау и Џон Анистон, исто така беа актери, но Џенифер го помина детството во атмосфера која, според неа, беше далеку од топла и поддржувачка. Таа имаше исклучително комплициран и турбулентен однос со нејзината мајка што имаше длабоки последици врз нејзината самодоверба.

Со години, актерката отворено зборуваше за критиките што ги трпела како дете. Таа нагласи дека нејзината мајка често ѝ испраќала пораки што ја кршеле емоционално и го обликувале нејзиното чувство за вредност.

„Таа беше многу критична кон мене затоа што беше манекенка. Таа беше убава и зачудувачка, а јас не бев“,изјави таа за „Холивуд репортер“.

Џенифер, исто така, откри дека нејзината мајка ја навредила затоа што го наследила својот изглед од нејзиниот татко, Џон Анистон, и дека ѝ велела дека е грда и дебела. Ваквите зборови, призна таа, ја натерале долго време да верува дека не е доволно добра.

Раскинувањето на врската се случило кон крајот на 1990-тите, кога Ненси Дау објавила мемоари во кои открила приватни детали од детството и животот на Џенифер. Книгата била насловена „Од мајка и ќерка до пријатели“, но за актерката тоа бил момент на длабоко разочарување и чувство на нарушена приватност.

По објавувањето на книгата, Џенифер го прекинала контактот со својата мајка и дури не ја поканила ниту на свадбата со Бред Пит во 2000 година. Тој период го означил нивното целосно отуѓување.

Сепак, животот донел неочекуван пресврт. Кога Ненси Дау дознала дека има сериозни здравствени проблеми, нејзиниот однос со ќерка ѝ почнал полека да се менува. Во тој период, Џенифер повторно била со неа. Ненси починала во 2016 година, а актерката успеала да најде внатрешен мир и прошка.

Таткото на Џенифер, Џон Анистон, починал во 2022 година, што исто така било тешко за актерката.

Со текот на годините, таа често беше јавно критикувана затоа што немала деца, со тврдења дека ја ставала кариерата пред семејството. Таа одговори на овие коментари дури подоцна, откривајќи дека зад сè стои многу лична и тешка борба.

„Луѓето не ја знаеја мојата приказна, ниту низ што поминав во последните дваесет години обидувајќи се да основам семејство. Поминав низ асистирани репродуктивни процедури и пробав секој можен метод. Тоа не е ничија работа, но доаѓа момент кога повеќе не можете да молчите“, рече таа во интервју за Harper's Bazaar UK.

Таа откри дека била подложена на третмани со ин витро фертилизација и дека сега жали што не ги замрзнала јајце-клетките порано. Како што рече, во тој период направила сè што можела, но без успех.

„Во моите доцни триесетти и четириесетти години, поминав низ некои навистина тешки времиња. Пиев секакви чаеви, пробав сè. Сега знам дека времето поминало“, искрено призна таа. Неодамна, Џенифер повторно пронајде емоционална стабилност и среќа во љубовта. По браковите со Бред Пит и Џастин Теру, нејзиното срце го освои хипнотерапевтот Џим Кертис. Блиски извори тврдат дека актерката изгледа посмирена и посреќна со него отколку порано, што го забележале нејзините обожаватели ширум светот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата