Имено, Хафман беше осудена на две недели затвор, а одлежала 11 дена. Казнета е бидејќи платила 15.000 долари за да ѝ го фалсификува приемниот испит на постарата ќерка, како дел од големиот корупциски скандал на американските универзитети.
Актерката, која стана светски позната по улогата во серијата „Очајни домаќинки“, се изјаснила за виновна, поточно дека платила 15.000 долари на лице од компанија специјализирана за подготовка на САТ тестови за прием на американските универзитети, со цел да ја подобри состојбата со резултатите на нејзината постара ќерка.
Тоа е најголемата измама за прием на факултет во американската историја, а актерката Лори Лофлин беше уште една холивудска ѕвезда која исто така беше уапсена и осудена на два месеци затвор за нејзината улога во измамата.
"Се чувствував како да треба да ѝ дадам шанса на ќерка ми за иднина. А бидејќи тоа беше иднината на мојата ќерка, тоа значеше дека морам да го прекршам законот", изјавила Хафман во интервју за ABC7. Хафман додаде дека Вилијам „Рик“ Сингер, водачот на целата измама, ѝ бил препорачан и дека доцна сфатила дека неговите планови вклучуваат некаква незаконска активност.
„После една година почна да вели: „Ќерка ти нема да влезе во ниеден од факултетите што ги сака“. И јас му верував. И така, кога полека почна да го презентира криминалниот план, се чинеше дека тоа беше мојата единствена опција да ѝ дадам иднина на ќерка ми. Се чувствував како да ќе бев лоша мајка ако не го сторев тоа. “ изјави актерката.