- Меѓу доказите што му ги презентираше на судот одбраната на Шон „Диди“ Комбс беше и црно-белата фотографија на која се две светски познати личности во бикини.
Со објавувањето на компромитирачката фотографија на која се светската музичка ѕвезда Ријана и најтрофејната тенисерка на светот Серена Вилијамс, адвокатскиот тим на Диди се обиде да ја зајакне одбраната, но во исто време сериозно го наруши угледот на овие познати жени.
Според „DailyMail“, станува збор за фотографија од 2012 година на која Ријана и Серена Вилијамс лежат на кревет под огледало на таванот, додека трета жена е до нив, наводно Каприкон Кларк - поранешната помошничка на Диди која сведочеше на почетокот на неделава, тврдејќи дека била отпуштена додека патувала со Ријана во тоа време.
Фотографијата наводно била дел од подолга СМС порака што Кеси Вентура му ја испратила на музичкиот магнат.