Бреговиќ ја продал луксузната вила во центарот на Истанбул, пред 8 години ја платил 2 милиона

21.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бреговиќ ја продал луксузната вила во центарот на Истанбул, пред 8 години ја платил 2 милиона

Имено, додека новинарите на споменатиот портал биле во Турција, дознале дека познатиот музичар повеќе не поседува имот во Истанбул. Тој пред точно десет години купил вила на Босфор, во елитниот дел на Истанбул, каде што недвижностите се најскапи, за што тогаш пренесоа бројни медиуми. Недвижностите во оваа населба на еден од најубавите градови во Европа вредат околу милион и пол евра, а Бреговиќ за својот искеширал дури два милиони. Сепак, засега не е познато за колку го продал.

Поранешниот имот на семејството Бреговиќ гледа на теснецот што ги дели Европа и Азија од една страна, а шумата од друга.

- Пред извесно време се зборуваше дека Брега има куќа овде во Истанбул, но моите сознанија се поинакви. Никој од нас не поседува недвижен имот во тој дел на Босфорот, па најверојатно го продал својот. Не ги знам деталите, но го знам целото маало. Овде живеам 30 години и би знаел дека уште има куќа. Го сретнав неколку пати со пријатели во ресторани на европскиот брег на Босфор, но последниве години не го видов овде во Истанбул - вели агент за недвижности, по потекло од Србија, кој живее во Истанбул и продава луксузни вили и апартмани.

Иако познатиот член на Бијело Дугмет не одговорил на барањето на Курир, познато е дека Бреговиќ има куќи ширум светот: во Белград, Црна Гора, Париз, Загреб и Сараево. Тој е препознатлива личност во Турција, а популарност му ја донесе соработката со Емир Кустурица на филмовите „Hanging House“, „Arizona Dream“ и „Underground“. Пред една година ја компонираше музиката за претставата „Мустафа“, за која сценариото го напиша и режираше турскиот новинар Кан Дундар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата