Мајката на пејачката, Тина Ноулс, сподели видео на црвениот тепих од двете позирајќи пред фотографите на Инстаграм.
„Ова ме доведе до солзи. Им благодарам на обожавателите кои го подигнаа ова прекрасно талентирано 11-годишно момче, ве ценам“, напиша Ноулс. Во видеото Бијонсе ја прашува ќерка си дали ѝ е ладно, на што таа одговара потврдно, а потоа им вели на фотографите да побрзаат со сликањето.
Нивниот заеднички изглед ги трогна фановите, но и облеката на Бијонсе предизвика негативни коментари. „Не го разбирам овој фустан, зошто треба да ѝ ги гледате гаќичките“, „Ова во никој случај не е добар фустан за фотографирање со малолетна ќерка“, напишале луѓето под видеото.
Да потсетиме, лавина од коментари предизвика фотографијата на Бијонсе од неодамнешната премиера на филмот Renaissance: A Film Beyonce, на кој таа е главна ѕвезда. Познатата пејачка на настанот се појави со руса коса и бела кожа, а многу обожаватели ја обвинија дека ја осветлила кожата.