За овој случај се огласи Обвинителството.
-Ве известуваме дека Првото основно јавно обвинителство Белград, по спроведени доказни дејствија, до судот поднесе обвинителен акт против Б.И. (1996) поради постоење оправдан сомнеж дека извршил кривично дела Затајување на данок од член 225 став 1 од кривичниот законик на тој начин што во Белград, на ден 28.06.2021 година како одговорно лице- основач и директор на „Бака прасе ДОО“ во намера целосно да избегне плаќање на данок на добивка за приватни лица дал лажни податоци за фактите кои влијаат за утврдување на овааа обврска и со тоа избегнал плаќање на данок во износ од 1.316.461,05 динари. На Првиот основен суд во Белград му е предложено по одржување на главниот претрес и изведување на доказите за обвинетиот Б.И. да се прогласи за виновен поради извршено кривично дело Затајување на данок од член 225 став 1 од Кривичниот законик и за обвинетиот да се изрече казна затвор во траење од една година која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од три години не направи ново кривично дело, како и парична казна во износ од 100.000,00 динари – стои во соопштението.
Сите негови канали на „YouTube“ неодамна беа затворени.
Јутјуберот се појави на Инстаграм за да открие што се случило и рече дека размислува дали да престане да снима и целосно да се пензионира.
- Почитувани, ја разгледавме вашата жалба за следново: Го прегледавме вашиот канал и откривме дека ги прекршува нашите Упатствата за заедницата. „Знаеме дека ова е разочарувачка вест за вас, но нашата работа е да го направиме „YouTube“ безбедно место за сите“, стоиеше во соопштението кое Бака Прасе го фотографираше и објави на Инстаграм.
Извор: Аваз