Здравко Мамиќ го презема ФК Сараево?

8.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Здравко Мамиќ го презема ФК Сараево?

Здравко Мамиќ, бегалец од хрватската правда и поранешен сопственик на Динамо, повторно е во фокусот на регионот. Според порталот СОП, Мамиќ наводно е на чекор од преземање на ФК Сараево. Иако Мамиќ сè уште официјално не ги коментирал овие гласини, во фудбалските кругови се повеќе се зборува дека тој би можел да стане новиот човек во сенка на Кошево, и тоа ова лето, пред почетокот на подготовките за новата сезона.

Сараево моментално го држи третото место во Премиер лигата на БиХ, што им отвора врата кон европски квалификации, а се и во финалето на Купот. Се верува дека Сараево би можел да влезе во сосема нова ера со Мамиќ, со јасни амбиции да ги собори домашните ривали како Зрињски и Борац и да се врати на врвот на босанската лига.

Да ве потсетиме дека Здравко Мамиќ е бегалец од хрватската правда. Тој избега од Хрватска во јуни 2018 година и отиде во Босна и Херцеговина откако беше осуден на шест и пол години затвор за проневера на 116 милиони куни од Динамо.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата