Лига Конференции-полуфинале: Челзи стави “печат“ на финалето, во Фиренца ќе се играат продолженија

8.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лига Конференции-полуфинале: Челзи стави “печат“ на финалето, во Фиренца ќе се играат продолженија

Челзи и дома во реваншот на свој терен славеше против Ѓургарден и со вкупни 5:1 се пласира во големото финале кое се игра на 28 мај во Вроцлав.

Во Фиренца домашната Фиорентина со 2:1 го победи Бетис, па така на овој меч ќе се играат продолженија ако се знае дека со истиот резултат Шпанскиот тим победи на првиот меч.

Вечерва Бетис поведе со прекрасниот гол на Ентони, за да Госенс со два гола му донесе водство на својата Фиорентина со 2:1.

ЧЕЛЗИ – ЃУРГАРДЕН 1:0

(Девсбуру-Хол 38./)

ФИОРЕНТИНА – БЕТИС 2:1

(Госенс 34., 42./Антони 30.)


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата