Веќе испаднатата Монца со гол во 90.минута за победа во Удине!

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Веќе испаднатата Монца со гол во 90.минута за победа во Удине!

Се играше 90.минута при резултат 1:1 на мечот меѓу Удинезе и Монца, кога гостинскит фудбалер Балде успеа да постигне гол и со тоа да му донесе триумф на својот тим. Се разбира дека оваа победа на Монца од 1:2 во Удине е големо изнанедување ако се знае дека овој тим одамна е испаднат од Серија А и тоа како убедливо последен на табелата.

Инаку Монца овој меч го одигра добро, поведе со голот на Капрари во 52.минута. Домашните израмнија на 1:1 во 75.минута со голот на Лука ама тоа беше се од головите за „црно – белите“. Удинезе може да жали зошто имаше неколку изгледни шанси, и не само за бод, но сепак домашните останаа со празни раце.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата