Билетите за СП 2026 се продаваат по рекордни цени, пакетот за мечевите во Њу Џерси чини 73.200 долари!

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Билетите за СП 2026 се продаваат по рекордни цени, пакетот за мечевите во Њу Џерси чини 73.200 долари!

Следното лето ќе се одржи СП во фудбал и тоа во Мексико, Канада и САД. Јасно е дека тоа ќе биде мега – спектакл. Секоја чест за останатите спортови, но СП во фудбал е најважен спортски настан во светот на спортот во период од четири години.

На ова СП за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации и на самиот Мундијал ќе се одиграа вкупно 104 натпревари.

Познати се и цените на билетите кои веќе почнаа да се продаваат, а тие се по рекордни цени.

Еве еден пример. Пакетот за мечевите во Њу Џерси на “МетЛајф“ стадионот, за осум меча колку ќе се играат таму, изнесува неверојатни 73.300 долари и тоа за седишта кои се покрај теренот. Значи во просек по некои 9.000 долари по меч.

Ако сака некој да ги следи сите мечеви од првиот круг, на пример на Шпанија, ќе мора да плати 9.000 долари.

Инаку просечната цена за групната фаза за билет е по 300 долари. Тие за елиминациската фаза ќе бидат многу поскапи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата