Грчкиот газда на Нотингем Ф. влезе во терен да се расправа со тренерот Санто (ВИДЕО)

12.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грчкиот газда на Нотингем Ф. влезе во терен да се расправа со тренерот Санто (ВИДЕО)

Контроверзна ситуација повторно ја разбранува Премиерлигата, откако Нотингем Форест вчера „киксираше“ притив Лестер, а по завршувањето на мечот грчкиот бизнисмен Евангелос Маринакис, кој е сопственик на „шумарите“ влета на теренот да се расправа со тренерот на Нотингем Ф., Нуно Еспирито Санто.

Контроверзниот грчки газда не го криеше незадоволството од конечниот исход, но Нуно откри дека неговата фрустрација била иницирана од замената на Авонји во 83-та минута.

„Нервозата на Маринакис беше иницирана од ситуацијата и конфузијата која настана со измената на Авонји. Направивме погрешна измена и после тоа како да останавме со играч помалку. Постои фрустрација, но фудбалот е спорт со емоции и тоа е нормално. Тој не притиска и бара да бидеме подобри. Сите во клубот му должиме многу на семејството Маринакис“, изјавил Санто по мечот.

Дел од англиските аналитичари овој потег на контроверзниот грчки бизнисмен го протолкуваа како навредлив кон стратегот на „шумарите“ и му порачаа дека што порано си замине од клубот, толку подобро за него.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата