Официјално: Карло Анчелоти е нов селектор на Бразил

12.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Карло Анчелоти е нов селектор на Бразил

Она што беше најавувано неколку дена, денеска добива и официјализација. Карло Анчелоти е нов селектор на Бразил. Досегашниот тренер на Реал Мадрид, и еден од најтрофејните стратези во историјата, сезонува на убедливо најпрестижната селекторска функција, како круна на неговата долга и успешна кариера.

Анчелоти ќе започне со работа во Бразил на 26 мај 2025 година, со фокус на Светското првенство во 2026 година, станувајќи првиот странски тренер на „Селесао“.

Веста за официјализацијата на договорот на Анчелоти ја пренесе самата бразилска фудбалска федерација.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата