Тимот на Атлетик Билбао имаше големи надежи за синоќешниот меч од полуфиналето на Лигата на Европа против Манчестер Јунајтед на домашен терен, но од истиот излезе со огромно разочарување.
Баскискиот клуб, посакуваше поволен резултат со кој би заминал на ревашот во Англија, но наместо тоа по само 45. минути игра имаше негатива од 0:3, и играч помалку. Потоа беше невозможно Билбао да се врати во игра.
„Притисокот си го направи своето и не можевме да поведеме кога доминиравме. Ако загубивме со 0:3, тоа значи дека противникот дејствувал посмирено и дека не ги искористивме нашите шанси. Тимови како Јунајтед не простуваат грешки. Тие се многу силни во последната третина од теренот. Мораме да учиме од овој пораз“, коментираше Ернесто Валверде, тренерот на Билбао по мечот.