Ливерпул нема повеќе за што да се бори откако ја освои својата 20-та титула во Премиер лигата минатиот викенд, а менаџерот Арне Слот планира да им даде шанса на играчите на кои им даде помалку минутажа оваа сезона.
Играчите на Слот, кои имаат 15 бода предност во однос на второпласираниот Арсенал на врвот на табелата, патуваат во Лондон nа натпревар против Челзи, кој е многиу важен за Лондончани, бидејќи петтопласираниот тим се бори за место кое води во Лигата на шампионите.
„Минатата недела беше неверојатна. Тоа беше еден од најубавите денови во животот на играчите и навивачите. И за мене. Беше посебно. Најпознатата личност што ми пиша? Мислам дека беше Јирген Клоп. Што ми рече? Ми честиташе и ми рече дека сега знам колку е посебен овој клуб и дека сум дел од историјата. Такви работи. Беше навистина среќен за навивачите и клубот. Добро е што сè уште имаме силни тимови како Челзи, Арсенал, Брајтон и Кристал Палас за доигрување на сезоната. Тоа е предизвик. Ова се четири натпревари во кои ќе се обидеме да победиме. Секој што го носи дресот на Ливерпул мора да се стреми кон тоа. Нема да менувам целосно, но ќе има одредена ротација. Некои заслужуваа да играат повеќе бидејќи тренираа толку добро, но јас претежно ги избрав истите играчи во почетните состави. Тоа не значи дека сите што не играле досега ќе играат во преостанатите натпревари. Го направив тоа против Плимут и добив критики. Значи, ќе користиме различни комбинации, но сигурно нема да ги играме овие четири натпревари со истиот тим што започна против Тотенхем“, изјавил Слот.