Лидс Ј. е шампион во Чемпионшип, Ковентри и Бристол Сити ќе играат плеј-оф

3.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лидс Ј. е шампион во Чемпионшип, Ковентри и Бристол Сити ќе играат плеј-оф

Лидс Јунајтед славеше драматична победа од 1:2 на гостувањето кај Плимут во последното коло од Чемпионшип лигата на Англија и ја обезбеди титулата во второто по ранг англиско фудбалско натпреварување. Лидс Ј. заедно со Барнли од претходно го потврдија своето враќање во англиската елита, но денеска и двата клуба се бореа за тоа кој ќе биде шампион оваа сезона во Чемпионшип. Барнли славеше со 3:1 против Милвол, освои 100 бода исто како и Лидс Ј., но поради полошата гол-разлика момците од „Еланд Роуд“ го добија славјето за титулата.

Ковентри Сити и Бристол Сити го обезбедија пласманот во плејофот, додека Плимут и Лутон Таун ќе се преселат во Лига 1. Покрај Ковентри и Бристол Сити од претходно се знаеше дека и Шефилд Јунајтед и Сандерленд ќе играа во плеј-офот од каде само уште еден тим ќе им се приклучи на Лидс Ј. и Барнли кон враќањето во Премиерлигата.

Покрај Плимут и Лутон, веќе испадна и Кардиф.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата