Борнмут со гостинска лекција за Арсенал

3.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Борнмут со гостинска лекција за Арсенал

Екипата на Арсенал доживеа шокирачки пораз на свој терен предмалку од тимот на Борнмут со конечни 1:2. Иако домаќинот според сите очекувања успеа да поведе преку Деклан Рајс во првиот дел, сепак, во второто полувреме противникот на огромно изненадување, направи комплетен пресврт.

Хујсен најпрво во 67. минута изедначи на 1:1, а потоа Еванилсон во 75. минута направи комплетен пресврт со голот за 1:2.

До крајот Арсенал и нешто и се обиде да поправи но без успех. Арсенал по 35. кола остана на 67 бодови, додека пак Борнмут е осми со 53 поени.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата