Многу голема врева се крена околу синоќешната одлука на дуелот Ателтико Мадрид – Реал Мадрид во рамките од елиминационата фаза од Лигата на Шампионите. При исведувањето на пеналите, оној изведениот од страна на Хулиан Алварез беше поништен од ВАР поради двојна игра со топката, и тоа беше клучниот момент за елиминацијата на Атлетико.
Од утринава нема кој не се произнесе за одлуката, па конечно од УЕФА излегоа со став дали истата е правилна. Од Нион дефинтиивно ја подржаа, одлуката е легитимна, изведениот пенал во пенал серијата е нерегуларен. Алварез два пати, (со двете нозе) ја допира топката и одлуката на судијата Марчињак, а подпомогната од ВАР е регуларна.
Од Атлетико пак секако дека со ова нема никогаш да се помират но тоа нема да промени ништо во конкретниов случај.