Асане Диао ќе игра за Сенегал

13.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Асане Диао ќе игра за Сенегал

Досегашниот младински репрезентативец на Шпанија, и во моментов членот на италијански Комо, Асане Диао, реши да ги промени националните бои. Одсега тој ќе настапува за репрезентацијата на Сенегал, државата во која што е роден всушност.

Тој се решава за ваков потег, иако од Шпанија како што јавуваат информациите и натаму сериозно сметаат на него но очигледно дека напаѓачот смета дека далеку полесно ќе може да се справи со статусот на првотимец во Сенегал.

Тој во моментов е во одлична форма, постигна доста голови за својот тим, па оттаму и притисокот на сенегалците да заигра за нив.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата