Тухел направи нешто што во репрезентацијата на Англија се нема случено повеќе од 30 години!

24.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тухел направи нешто што во репрезентацијата на Англија се нема случено повеќе од 30 години!

Иако не блескаа, сепак избраниците на Англија предводени од Германецот Томас Тухел успеаја да слават и во вториот меч од квалификациите за СП 2026. Прво победа против Албанија од 2:0, а вечерва триумф, исто на “Вембли“, против Летонија со 3:0.

Се чини дека Англија одигра колку што и требаше.

Од друга страна Германецот направи нешто што во репрезентацијата на Англија се нема случено повеќе од 30 години.

Имено тој во стартниот состав не стави ниту еден играч на Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

Во продолжение од средбата шанса добија Џонс од Ливерпул и Фоден од Сити.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата