Торино и Елмас славеа против Удинезе, Парма го „шокираше“ Јуве

23.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Торино и Елмас славеа против Удинезе, Парма го „шокираше“ Јуве

Торино и Елиф Елмас остварија уште една победа во италијанската Серија А. Вечерва во одложените дуели од 33. коло, Торино на домашен терен славеше со 2:0 против екипата на Удинезе и ја запиша десеттата сезонска победа со која влезе во ТОП 10 на табелата во италијанското калчо.

Елмас беше стартер за домашните и одигра 76. минути, пред да биде заменет. Головите за победа на Торино ги постигнаа Адамс во 39. минута и Дембеле во 85. минута.

Фудбалерите на Парма успеаја да направат изненадување победувајќи го Јувентус пред своите навивачи со 1:0. „Млекарите“ со оваа победа полека го обезбедуваат прволигашкиот статус и за следната сезона, но Јуве сега е во голема „каша“ затоа што остана на еден бод од последното место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите.

Фиорентина со пресврт славеше на Сардинија против Каљари со 1:2. Домашните поведоа со голот на Пиколи во 7. минута, но „виолетовите“ до полувреме израмнија со голот на Госенс во 36. минута. Голот за победа на момците од Фиренца го постигна Белтран на самиот старт на второто полувреме.

Во меч со два црвени картони, Лацио славеше кај Џенова со 0:2. Головите за победа на „римските орли“ беа дело на Кастељанос во 32. и на Диа во 65. минута.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата