Ливерпул објави кога ќе биде шампионската парада, се очекуваат повеќе од милион фанови!

29.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул објави кога ќе биде шампионската парада, се очекуваат повеќе од милион фанови!

Раководството на Ливерпул официјално објави дека шампионската парада на тимот на Арне Слот ќе се одржи во понеделник на 26 мај. Ова е ден по последното коло во ПЛ. Во него “Редси“ го пречекуваат Кристал Палас на „Енфилд“, а по последниот судиски свиреж трофејот ќе го подигнат Ван Дајк, Салах и другарите.

26 мај е државен празник во Велика Британија, па ова ќе им даде можност на многу фанови на тимот од целата земја и од различни делови на светот да бидат на улиците на Ливерпул. Трасата е 15 километри, како што беше случајот на парадите во 2019 и 2022 година. Парадата ќе започне во 14 часот и 30 минути. по локално време и се планира да трае меѓу три и пет часа.

Во 2020 година, кога Ливерпул повторно ја освои титулата, навивачите не можеа да слават соодветно поради пандемијата „Ковид-19“.

На парадата во 2019 година, кога Ливерпул го прослави трофејот во Лигата на шампионите, присуствуваа околу 750.000 луѓе. Сега градските власти очекуваат повеќе од милион навивачи на тимот од целиот свет. Веројатно ќе присуствува и поранешниот менаџер Јирген Клоп.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата