И Норвешка не е таа што беше. Имено се случил невиден скандал во тамошната Агенција за анти – допинг. Во пресрет на настапот во Лига на Нации, го повикале како прво Ерлинг Халанд на тестирање, ама повикале, покрај другите, и веќе починати лица и тоа пред многу, многу години.
Станува збор за Еинар Гундерсен, кој починал во 1962 година, и Јерген Јуве кој починал во 1983 година.
По овој скандал со свој коментар излегол и селекторот на Норвешка, Стал Солбакен.
“И ние се прашувавме дали е ова некоја шега. Веднаш се јавивме во агенцијата и ни беше кажано дека дошло до пропуст. Јас прво помислив дека ова е Скриена камера, немаше што друго. Вакви работи не смеат да се случуваат“ посочи гневниот селектор на Норвешка кој на крајот целата работа ја истера на шега:
“Само едно знам, дека тестовите на веќе починатите ќе бидат во секој случај негативни. За нив тестовите дојдоа предоцна“.