Репрезентацијата на Швајцарија, односно селекторот Мурат Јакин денеска го објави списокот на репрезенаттивци на кои ќе смета за претстојните мечеви од Лигата на Нациите.
Во кои што како прв предизвик е токму Македонија, и гостувањето во Скопје, на Арената Тодор Проески на 26.09.2026 година со почеток од 20:45.
Селекторот Јакин се обрати на повеќе теми како на пример недоразбирањата со Ноа Окафор кој е во отворен конфликт со државниот тим и се повлече од него. Окафор јавно го критикуваше Јакин што преку изјави што преку социјалните мрежи.
„Генерално сум за тоа играчот да зборува за своите перформанси и да се интегрира во тимот. Не бев задоволен од неговите одбранбени перформанси. Имам доволно конкуренција, доволно добри играчи на теренот. Секогаш сум отворен за загриженост, но јавното излегување никогаш немало позитивен ефект врз мене. Тој не играше во март бидејќи беше повреден. Исто така, беше повреден и пред Светското првенство. За мене, перформансите на теренот се важни. Сè друго ми е неважно. Дали ова значи дека вратата кон националниот тим конечно е затворена за Окафор? Секој може повторно да го заработи своето место преку перформанси, тоа е исто за сите. Сега имаме добра ситуација да имаме конкуренција за таа позиција. Имаме нови играчи кои ќе го дадат тимот приоритет. Можам да сметам на овие играчи“ – рече Јакин на темата Ноа Окафор, играчот на Лидс.
За да потоа, се осврне и на младиот играч на Каљари Алесандро Романо, кој што по настапите за младинските селекции на Швајцарија се реши да го смени спортскиот пасош и да настапува за Италија.
Јакин лично го посети играчот на Каљари за да се обиде да го убеди да се приклучи на швајцарската репрезентација.
„Средбата помина многу добро. Сепак, неговата ситуација беше единствена – тој игра во Италија четири години и ја направи свој дом. Не мислам дека тоа беше одлука против нас. Се обидовме со сè да го придобиеме во репрезентацијата. Ќе видиме како ќе се развие и дали навистина може да игра за Италија. Тоа беше одлука од срце. Направивме сè што можевме, и ако одлучи поинаку, му посакуваме се најдобро.“ – рече Јакин околу играчот кој што планирал да го повика, но тој дипломатски одбил.

