Јувентус со убедливи 5:0 го совлада НЕК Најмеген на „Алијанц стадионот“ и со победа ја започна европската сезона во Лига Европа. „Старата дама“ го отвори резултатот уште во 9. минута преку Нико Гонзалес, кој ја искористи грешката на гостинскиот голман Полстер. Во 24. минута Керим Алајбеговиќ зголеми на 2:0 со одличен удар од далечина, а до паузата Ник Волтемаде погоди од пенал за убедливи 3:0.
Во второто полувреме Јувентус рутински го контролираше натпреварот, иако НЕК се обиде со повисок пресинг да внесе неизвесност. На 4:0 зголеми Зеки Челик во 75. минута, по асистенција на Коло Муани, а овој вториот во 82.минута ги постави конечните 5:0.
Бешикташ со 4:1 го совлада Марсеј во Истанбул на стартот од лигашката фаза во Лига Европа. Домашните поведоа во 15. минута преку Илхан Факиљи, по асистенција на Олаитан. Марсеј брзо возврати, па Кејлијан Абдала во 29. минута го израмни резултатот на 1:1. По паузата турскиот тим направи целосен пресврт во само неколку минути. Вацлав Черни во 56. минута погоди за 2:1, а само три минути подоцна Амир Мурило зголеми на 3:1. Последниот гол за домашните беше дело на Поку.
На останатите денешни дуели постигнати беа следните резултати:
- Бешикташ – Марсеј 4:1
- Селтик – Ференцварош 1:3
- Кристал Палас – Лех Познањ 4:0
- Јувентус – НЕК Нејмеген 5:0
- Викторија Плзењ – Унион Ст. Жилоа 0:3
- Лилестрoм – Торeнсе 1:2
- Реал Сосиедад – Борнмут 1:2

