Бадијала извинувањето: Поради Мбапе државата ги забрани преносите од Ла Лига!

27.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бадијала извинувањето: Поради Мбапе државата ги забрани преносите од Ла Лига!
ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/

Во каков свет живееме? Имено Килијан Мбапе се најде во центарот на голема контроверзност во Кина, каде што, според извештајот на кинескиот медиум „Пејпер“, донесена е одлука да се прекине емитувањето на натпреварите во кои учествува францускиот напаѓач, како и рекламите во кои тој се појавува.

Според овој медиум, повикувајќи се на информации од кинескиот државен радиодифузер, прикажувањето содржини поврзани со Мбапе, вклучително и натпреварите од шпанската Ла Лига, е прекинато од синоќа, додека рекламите со ѕвездата на Реал Мадрид се повлечени.

Причината за оваа реакција е видео кое се појави на социјалните мрежи, во кое Мбапе зборува за интернет мем на кој се гледа неговото лице качено на телото на поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг.

Францускиот напаѓач наводно го опишал мемот како една од најсмешните интернет слики што ги видел, коментирајќи дека станува збор за „некој кинески диктатор“. Видеото предизвика бура од реакции во Кина, каде што неговите зборови беа протолкувани како навреда за кинескиот народ. Автентичноста на видеото не можеше веднаш да се потврди независно. Последиците наскоро се почувствуваа и на комерцијалниот фронт. Кинеските компании „Донгпенг“ и „Менгниу“ објавија прекин на соработката со Мбапе, наведувајќи дека не прифаќаат однесување што ги навредува чувствата на кинескиот народ.
За Мбапе, ова е сериозен удар на пазарот каде што се присутни голем број глобални брендови и каде што популарноста на фудбалските ѕвезди има значајна комерцијална вредност.
По се ова самиот Мбапе се извини, ама се чини бадијала ќе му биде извинувањето.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата