Тимот на Манчестер Сити немаше проблеми да дојде до нов триумф денеска на домашен терен против екипата на Сандерленд. Со головите на Диаз, Гвардиол и Фоден, дојде до победа од 3:0.
Тотенхем исто така запиша домашни три бода со триумф од 2:0 против екипата на Брендфорд, додека пак, Евертон сигурен против Нотингем Форест со гол повеќе во противничката мрежа.
Челзи не успеа да победи на гостувањето кај Борнмут откако одигра само 0:0, додека пак, Њукасл со 2:1 на свој терен тирумфираше над Банрли.
Претходно денеска во големото дерби Астон Вила го победи лидерот Арсенал со 2:1, а за некој половина час Лидс на негов терен ќе го пречека Ливерпул.

