Екипата на Сасуоло на свој терен со пресврт дојде до конечен триумф од 3:1 во дуелот против екипата на Фиорентина.
По само девет минути игра, Мандрагора успеа да донесе водство за гостите од 0:1, но тоа е се што Фиорентина направи на овој меч.
Следуваше израмнување веќе во 14. минута преку Волпато, за да во продолжението од првиот дел, Мухаремовиќ направи комплетен пресврт и на полувреме постави 2:1.
Гросо доби црвен картон, за да ги остави домашните со десетмина, но тоа не му пречеше на Коне во 65. минута да постигне гол за 3:1.

